СОСТОЈКИ:
- 1 литар млеко
- 170 грама шеќер
- 130 грама брашно
- 60 грама густин
- ванилин шеќер,
- 1 лажиче путер,
- 2 лажици печени кикирики,
- 100 грама црно чоколадо,
- 1 лажичка екстрат од кокос
ПОДГОТОВКА:
Ставете еден литар млеко во тенџере и ставете го на шпорет да се вари. Ставете шеќер, брашно, густин и ванилин шеќер во млекото, и мешајте додека не се формира мазна смеса од пудинг. Тргнете го од оган и додадете две лажици путер. Добро промешајте.
Поделете ја смесата и истурете ја во обични стаклени чаши: приближно 180 ml од смесата по чаша. Треба да има доволно мешавина за 5 поголеми чаши.
Ставете го во фрижидер да се олади.
Исечете ги печените кикиритки на што е можно помали парчиња.
Откако добро ќе се излади смесата од секоја чаша преполовете ја на половина.
Секоја половина завиткајте ја во кикирики.
Стопете црно чоколадо во микробранова печка или на пареа, а потоа истурете го врз колачите и од страната истркалајте ги во кикиритки. По избор, посипете со малку кокос.