ЗАБЛУДИ ЗА СЕКСОТ ВО КОИ МНОГУМИНА ВЕРУВААТ

Верувале или не, постојат секс митови во кои многумина веруваат. Одвоивме 6 заблуди за сексот во кои не треба да верувате.

1. Доколку имате незаштитен секс, сигурно ќе останете бремена

Плодноста варира од човек до човек, а незаштитениот секс не мора секогаш да заврши со бременост. Жената може да забремени само кога овулира, што се случува еднаш месечно. Во текот на овулацијата се ослободува зрела јаце-клетка која може да се оплоди во рок од 12 до 24 часа, само тогаш може да дојде до бременост.

„Но, дури и незаштитениот секс во текот на тој период резултира со бременост во 20 проценти од случаите“, појаснува д-р Морен Велихан од Центарот за сексуално здравје и образование.

На ум треба да ја имате и плодноста на жената која почнува да опаѓа во доцните дваесетти години, така што веројатноста за бременост почнува да се намалува.

2. Доколку ја најдете Г-точката оргазмот е гарантиран

„Не ме изненадува кога ќе слушнам дека жените ги лажираат оргазмите додека се со партнерот“, објаснува д-р Гунтер во книгата The Vagina Bible. Вели дека истражувачите кои во последно време ја проучувале тематиката на Г-точката, не успеале да го пронајдат ова посебно место кое во 1950 година наводно го пронашол германскиот истражувач Ернест Графенберг.

Д-р Гунтер смета дека веројатно Графенберг погрешно ги протолкувал другите делови на женските гениталии, како нервните завршетоци на клиторисот па тоа го навел како наизглед ново откритие на Г-точката.

3. Невозможно е да имате безбеден секс со некој кој има сексуално-пренослива болест

Низ минатото сексуално-преносливите болести биле користени за да ги плашат младите и да ги одвратат од секс. Тоа се методи на образование кои ги стигматизираат луѓето со сексуално-преносливи болести како што се хламидија, гонореја, сифилис и ХИВ.

Овие болести можат да се излекуваат, односно да се лекуваат за да се спречи заболениот да ги шири на сексуалниот партнер.



Тука се кондомите кои се лесно достапни и со нив се намалува ризикот од сексуално-преносливи болести. Експертите исто така препорачуваат редовна контрола и тестирање на сексуално-преносливи болести.

4. Воздржувањето од секс е единствената ефикасна метода на контрацепција

Целосното воздржување од секс дефинитивно е единствениот 100-процентен ефикасен начин на спречување бременост, но за повеќето оваа метода не е реална и ретко се придружуваат на неа.

Други форми се контрацепциски средства, кондоми и импланти кои исто така се ефикасни и истовремено овозможуваат луѓето да уживаат во сексот. Така, имплантот е ефикасен дури 99,9 проценти, а пилулите меѓу 92 и 97 проценти.

5. Сексот со повеќе луѓе ве прави „валкани“

Вистина е дека кога имате повеќе сексуални партнери се зголемуваат шансите за добивање на сексуално-преносливи болести, но постојат начини тоа да се сведе на минимум така што ќе користите кондоми. Идејата за секс надвор од бракот или сексот со повеќе партнери прават некој да се чувствува „валкано“ свои корени не влече од науката туку од религискиот концепт на чистота.

6. Жените развиваат посебни чувства во текот на сексот

Една жена на Twitter напиша дека во младоста ја учеле дека жените ослободуваат хормон на приврзување за време на сексот, а мажите не.

„Според таа теорија, жените развиваат посебни чувства секој пат кога ќе погледнат пенис, така што дефинитивно не би требало да практикуваме секс пред бракот или ќе завршиме толку лошо што ќе мораме да се свртиме кон секуларизам и дроги“, напиша друга корисничка на Twitter.

Вистина е дека жените во текот на сексот ослободуваат хормони на среќа како допамин и окситоцин, но истото е и кај мажите. Причината за тоа е што тие хормони доаѓаат од мозокот, а не од гениталиите.