ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРОБАЈТЕ ГО ОВОЈ РЕЦЕПТ СО ЧИА СЕМЕ!

Ако не знаете со кој здрав оброк да го завршите денот, имаме совршен предлог. Сите нутриционисти се согласуваат дека последниот оброк во денот треба да биде лесен и полн со хранливи материи, а ние најдовме токму таков рецепт.

Главната состојка е чиа семето, и тие се добри за нашето тело од неколку причини. Тие се богати со омега-3 и омега-6 масни киселини, влакна, антиоксиданси, протеини, но и манган, магнезиум, фосфор и калциум. Сосема доволно причини за да станете дел од вашата исхрана.




Еве еден предлог како можете да ги подготвите:

  • 4 лажици чии семки
  • 2 банани
  • 250 мл вода
  • 250 мл млеко
  • лажица мед
  • малку цимет
    Изгмечете ги бананите со вилушка, па измешајте со сите состојки. Оставете во фрижидер. Чиа семето ќе го „згусне“ овој пудинг.

На здравје!