- „Болката и страдањето се секогаш неизбежни за една длабока интелигенција и големо срце. Навистина големите луѓе мораат, сметам, да проживеат голема тага на оваа земја.“
- „И сега повторно си го поставив прашањето: дали ја љубам? И повторно не можев да си одговорам, т.е. повторно, по стоти пат, одговорив дека ја мразам.“
- „Индивидуалното добро дело секогаш ќе постои, зашто тоа е потреба на личноста, жива потреба за директно влијание на една личност врз друга.“
- „Зар под вакво небо можат да живеат секакви лути и хировити луѓе?“
- „Убавината е истовремено и таинствена и ужасна. Господ и ѓаволот таму се борат, а бојното поле е срцето на човекот.“
- „Дека човекот милува да создава и да пробива патишта е сосем неоспорно. Туку зошто тој тогаш толку страсно исто така ги сака и уривањето и хаосот?“
- „Од очајот доаѓаат најдлабоките задоволства, особено кога е човек крајно свесен за безнадежноста на својата состојба.“
- „Суштината на религиозното чувство не се подведува под никакви расудувања, под никакви грешки и злосторства и под никакви атеизми; тука е секогаш нешто друго; тука има нешто такво околу кое вечно ќе се слизнуваат атеизмите и вечно ќе зборуваат ‘не за она’.“
ЗАР ПОД ВАКВО НЕБО МОЖАТ ДА ЖИВЕАТ СЕКАКВИ ЛУТИ И ХИРОВИТИ ЛУЃЕ? – ДОСТОЕВСКИ
