ЕДНОСТАВНОСТ

Како шумот од лисјата сум тивка…

Кога твоето присуство…

ја прекинува мојата рутина.

Единствено твојата појава…

прави да го заборавам хаосот.

Осамена бука прави…

неизбежното чукање на моето срце.

Доволен е само погледот

за да ги размрда

сите клетки во моето тело.

Искреноста во твоите очи…

го разбиструва воздухот што го дишам.

Затоа, затоа се долги моите воздишки.

Треперејќи…

правам мали движења со усните…

како мало дете кое посегнува…

по највисоката цреша на дрвото.

Нежниот допир врз моето лице,

со врвот на твоите прсти…

прави да се чувствувам…

како единствен цвет

во уништена градина.

Тој краток момент…

Незначаен за надворешноста…



Непотребен за сериозноста на животот…

Ја потврдува сериозноста на мојот…

Само нежниот допир од тебе,

прави јасно да гледам во темнината.

Тој допир?!

Непријател на осаменоста

Пат кон среќата

Клуч… за затворените врати.

Она што те прави неодолив…

е ликот на твојата душа.

Твојата суштина…

го влече најдоброто од мене.

Ти и се она што претставуваш

ја разоткрива мистеријата на љубовта.

А секој твој поглед?!

Одговор за кој не мора да поставам прашање.

Ни разговорот…

не може да објасни…

она што објаснуваат очите.

ВО ОВОЈ СВЕТ НА АВТОМАТИЗАМ…

ВАКВИ МОМЕНТИ…

ЈА УБИВААТ ДОСАДАТА…

…ШТЕТА ШТО СЕ РЕТКИ!

Автор: Милена Крстеска