СОСТОЈКИ
- 160 гр суво грозје (можете да го замените со свежи урми)
- 2 лажици вода (+ уште една, по потреба)
- 70 гр мелени потпечени ореви
- 60 гр овесна каша
- 1/2 банана
- 1 и пол лажица какао во прав
- 20-30 g чоколадо
- 1/2 лажичка цврсто кокосово масло (ако е течно, додадете ја целата лажичка)
- 1/2 лажичка арома на ванила
ПОДГОТОВКА:
Сувото грозје прелијте го со топла вода и оставете да отстои околу половина час. Во меѓувреме, на суво тавче напечете ги оревите. Снегулките сомелете ги во процесор за храна. Додадете ореви (држете неколку парчиња на страна, за подоцнежна декорација) и какао, сето ситно исечкајте го и ставете го во сад. Сувото грозје извадете го од водата во кое се наоѓаа, ставете го во сецко, додадете две лажици вода, па исечкајте го.
Не е толку важно дали останале некои парчиња грозје, важно е повеќето од нив да се сомелени. Додадете половина од излупената банана, па повторно измешајте да се соедини. Додадете го во садот со сувите состојки и соединете со лажица, за да добиете компактна смеса. Доколку е потребно, додадете уште една лажица вода. Смесата малку ќе се стегне со стоење во фрижидер. На плех, чинија или друг сад
ставете хартија за печење (јас користам мала тава со пречник од 20 см), а потоа премачкајте ја смесата во форма на квадрат. Најдобро е тоа да го правите во сад со помали димензии
(20 см) за да знаете отприлика колку да ја разредите смесата, за колачот да не испадне премногу тенок. Ставете во фрижидер.
Чоколадото растопете го со додавање на кокосово масло. Извадете го колачот, прелијте го со чоколадо и посипете со сечкани потпечени ореви. Повторно ставете го во фрижидер и почекајте барем неколку часа пред да послужите.
На здравје!