10 МАЛИ РАБОТИ КОИ ДЕВОЈКИТЕ ГИ ПРАВАТ, А МАЖИТЕ  ГИ ОБОЖАВААТ

Колку и да сакате, веројатно мажите никогаш нема да ви признаат дека ги облева пријатно чувство кога ќе направите некој гест што им значи.

Но, тоа не значи дека не „паѓаат“ на мали, слатки работи кои девојките ги прават, па добро е да имате на ум што потајно сакаат:



  1. Кога го изненадувате со мали задоволства.
  2. Кога спонтано ќе ја навалите главата на неговите гради.
  3. Кога си играте со неговата коса додека вози или прави нешто друго.
  4. Кога ќе го направите првиот чекор и не се плашите да преземете иницијатива.
  5. Кога сте искрени за тоа како се чувствувате.
  6. Кога ќе му ги гризнете усните додека се бакнувате.
  7. Кога иницирате љубовни состаноци и места.
  8. Кога објавувате фотки со него на социјалните мрежи.
  9. Кога носите негова облека.
  10. Кога не чекате тој да ви пише прв.