Тортата со морков без глутен има арома на класичен колач од морков, со таа разлика што е уште повкусна и меѓу другото е навистина здрава.
Начин на подготовка:
– 4 јајца
– 1 чаша рендан морков
– 6 лажици јаворов сируп
– 1/3 чаша кокосово масло
– 1/2 чаша кокосово брашно
– 1/4 чаша брашно од тапиока
– 1/4 чаша свежо млеко или друго млеко по ваш избор
– 1/2 лажичка цимет
– 1/4 лажичка морско оревче
– 1 ванила
– 1/2 чаша суво грозје
– 1/2 чаша сецкани ореви
– 1/4 лажиче сол
– 1/2 прашок за пециво
За кремот:
– 200 грама крем сирење
– 4 лажици јогурт
– 2 лажици јаворов сируп
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со миксер или жица за матење, а потоа додадете го јаворовиот сируп, кој можете да го замените со мед или шеќер. Додадете го кокосовото масло и повторно матете.
На вака добиената течна смеса, додадете ја солта, брашното од кокос, брашното од тапиока и прашокот за пециво и добро измешајте, можете да користите дрвена лажица. Во тестото додадете го циметот и морското оревче, како и ренданиот морков и сувото грозје. Промешајте убаво. Истурете ја смесата во сад за печење во кој претходно сте ставиле хартија за печење, распределете ја рамномерно и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути, додека тортата добие апетитна златна боја.
Готовата торта оставете ја да се излади целосно. Може да ја сервирате без глазура ако сакате.
Изматете го крем сирењето, јогуртот и јаворовиот сируп додека не добиете хомогена смеса, која ја нанесувате на целосно изладената торта. Чувајте ја тортата во фрижидер.
На здравје!