Пејачката Тијана Дапчевиќ објави слика со нова / стара тетоважа и ги изненади сите.
Имено, таа реши да ја освежи старата тетоважа што го насекира нејзиниот татко, а еве зошто …
Планирав да ги „тргнам“ овие мои ноти од мојата рака (т.е. да ги покријам со нова слика). Тоа е мојата прва тетоважа, што ја направив за мојот 18-ти роденден (и која татко ми потоа се обиде да ја избрише со вода мислејќи дека не е вистинска и јас навистина не сум ја истетовирала).
Сметав дека избледела многу, не изгледа повеќе убаво и дека треба да се направи нешто друго од неа…
Но, тогаш мојот пријател ме разувери и реши да ја освежи така што изгледа како да е направена за прв пат (и се чувствувам како да сум повторно на 18, а не 25 како што сум) … – се пошегува пејачката.