Том Круз тајно излегува со својот зачудувачки британски партнер во „Невозможна мисија 7“, Хајли Атвел , пишува „Сан“.
Тие беа снимени од папараци како се држат за рака за време на неодамнешното снимање на филмот во Лондон, што ги поттикна гласините дека двајцата наскоро ќе ја објават својата врска јавно.
Тој и Хејли, 20 години помлада, станаа блиски додека снимаа сцени од филмот во Рим и Велика Британија.
Том немал долгогодишен партнер откако се разделил од поранешната сопруга Кејти Холмс.
Извор од продукцијата изјавил: “Том и Хејли многу си се допаднаа уште од првиот ден. Локдаунот и сите потешкотии што ги донесоа ги приближија и станаа неразделни. Одлично се разбираат и двајцата изгледаат многу среќни”.