АНА НИКОЛИЌ НАЈАВИ НОВ ТРЕНД, КОЈ ЌЕ ДОМИНИРА ОВАА ПРОЛЕТ!

Ана Николиќ сака да експериментира со стилови, и со облека и со фризури. Така, минатата година имавме шанса да ја видиме со многу кратка фризура – што и стоеше одлично. Од тогаш косата и порасна, а прекрасната пејачка одлучи дека е време за нова промена.

Ана се одлучи за вистинска тренди фризура, која сигурно ќе ја видиме на улиците низ нашите градови во текот на пролетната сезона. Таа првенствено ја обои косата со посебна техника, каде што коренот е темен, додека остатокот од косата е украсен со ефективни нијанси на мед.