БРИНЕТИ ИЛИ РУСОКОСИ: КОИ ЖЕНИ СЕ ПОСТРАСНИ ВО КРЕВЕТ?

Бринетите се најдобри љубовници, фантастични се во кревет – изјавиле 58 отсто од нив. Кога станува збор за неверство, 54 отсто сметаат дека на него најмногу се склони русокосите, додека 26 отсто од испитаниците гласале за бринети, 12 отсто за црнки, а само 8 отсто се убедени дека тоа се црвенокоси жени.

Најважната особина за да завршите со некој во кревет е смислата за хумор – изјавиле 91 отсто од испитаниците. Една четвртина од жените признале дека би спиеле со маж кој не им е толку привлечен доколку знае да ги насмее. Три четвртини од жените и 63 отсто од мажите откриле дека нивните најдобри љубовници се очајни танцови партнери.

Повеќе од една третина од испитаниците (36 проценти) откриле дека срамежливите луѓе со кои излегувале испаднале сосема спротивно кога се нашле зад затворени врати – целата срамежливост исчезнала. Истражувањето покажа, она што веќе го знаеме повеќе, дека мажите повеќе размислуваат за секс отколку жените, пишува Дејли Меил.