БРЗА ВЕЧЕРА: ПИЛЕШКИ ФИЛЕТИ СО МАЈОНЕЗ И КАШКАВАЛ

Одлична идеја за вечера, како и брзо предјадење за пиво или вино.

Потребни производи:

300 грама бело пилешко

3 лажици мајонез

1 лажица сенф

100 грама кашкавал

¼ лажичка црн пипер

Начин на подготовка:



Добро е да користите ладено пилешко, но ако изберете замрзнато, мора да биде целосно одмрзнато пред да започнете со преработка. Измијте го пилешкото добро и посолете го, додадете го црниот пипер и истријте со рацете.

Ставете ги пилешките филети во сад, додадете го мајонезот и сенфот. Промешајте многу добро . Наредете ги филетите во тава и печете ги во загреана рерна од 200 степени околу 15-20 минути, додека не добијат малку златна боја.

Додека пилешките филети се печат, изрендајте кашкавал и откако ќе поруменат, посипете ги со него. Печете уште неколку минути додека кашкавалот не зарумени малку со апетитна кора.

На здравје!