Експертот за врски Трејси Кокс вели дека ова може да доведе до развод.
Во студијата спроведена од колумнистката Сузи Годсон, дури 44 отсто од паровите на возраст меѓу 36 и 55 години имаат интимни односи еднаш неделно. 32 отсто од нив изјавиле дека имаат секс еднаш месечно.
Единаесет отсто од паровите признале дека имаат секс со партнерот еднаш годишно, додека девет отсто од нив престанале да практикуваат такви врски.
Само четири проценти од паровите рекле дека водат љубов секој ден.
Овие резултати се тесно поврзани со честите разводи, бидејќи ако имате добра и квалитетна сексуална врска, таа носи 20 отсто повеќе задоволство од врската или бракот.
Меѓутоа, кога паровите ќе престанат да уживаат под покривката, врската неизбежно почнува да страда.
– Интимниот чин прави да се чувствуваме пожелно, привлечно, психички здраво и го стимулира нашиот живот – рекла Трејси.
– Ако престанете да разменувате милувања, ризикувате и двајцата да го посакаат истото со некој друг – додаде таа.
– Затоа, пред уште еднаш да одбиете секс со партнерот затоа што и двајцата не ви се допаѓа, затоа што сте заедно со години и се изгледа како еден голем напор, ве советувам да размислите двапати – заклучува таа.