Фризерот Лино Карбосиеро, кој се грижи за изгледот на Меланија Трамп, зборуваше за нејзиниот карактер. Според него, таа е сосема поинаква од она што луѓето мислат за неа.
„Сликата е многу поразлична од онаа што им беше презентирана на луѓето . Меланија е пријатна и внимателна. Кога земам асистенти со мене, таа постојано им нуди пијалок и проверува дали им е пријатно. Таа е неверојатно љубезна”, рече Карбосиеро и додаде дека Меланија обожава прегратки.
„Кога зборувате со нејзиниот тим, сфаќате дека и тие ја сакаат. Го сакаат и Доналд”, рече тој.
Според него, поранешната манекенка е многу воздржана затоа што сите ја осудуваат и критикуваат.
„Во нејзиниот личен живот, таа е многу духовита жена, интелигентна и полна со почит кон сите“, открил фризерот.