ИЗБЕРЕТЕ ГО САМО НАЈДОБРОТО ЗА СЕБЕ: ЕВЕ ЗОШТО ОВА Е ТОЛКУ ВАЖНО!

Воспитани сме да се жртвуваме , да бидеме скромни, бидејќи тоа е пристојно. „ Скромноста е доблест“, ја слушнав мајка ми безброј пати, а подоцна нејзиниот глас одекнуваше во мојата глава секогаш кога ќе посегнав по нешто што моето срце го сакаше. Под впечатокот на тој глас во мојата глава се повлекував и често останував без работите кои ми се навистина драги, кои душата ми ги бараше.

Но, околу триесет години сфатив дека животот минува и ако не си го обезбедам она за што сум среќен, ќе останам вечно желен за тоа.

Затоа, никогаш не се откажувам од овие три работи: квалитетна храна, физичка активност и омилено кафе!

Кога станува збор за овие три, не се согласувам на компромиси.

Секогаш избирам да јадам варена, внимателно подготвена, избалансирана храна која ќе му даде сила на моето тело.

Со спорт се занимавам од мал и на тоа останав доследен по сите животни промени. Благодарение на редовните физички вежби, се чувствувам задоволно.

Кафе пијам секој ден три пати на ден!

За мене, шолја квалитетно кафе значи време посветено на преиспитување на моите мисли.

Првото кафе секогаш го пијам сам, во тишината на собата. Потоа седнувам во мојата омилена фотелја и додека го вдишувам познатиот мирис на ова кафе, се некако си доаѓа на свое.