ЈАДЕТЕ ЈА ОВАА ХРАНА СЕКОЈ ДЕН ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ДИЈАБЕТЕС

Додека некои видови храна може да бидат поттик за дијабетес тип 2, други може да бидат клучот за спречување на болеста.

Нутриционистот Василиса Пономарева ја именуваше храната која може да игра клучна улога во спречувањето на дијабетес, како и во намалувањето на скоковите на шеќерот во крвта после оброк.

Храна која штити од дијабетес

„Киноата ги намалува скоковите на шеќерот во крвта после оброк. Има исклучително висока хранлива вредност. Содржи витамини Б, Е и Ц, како и минерали, влакна и протеини“, вели докторката.

„Научниците заклучуваат дека луѓето кои јадат киноа имаат понизок скок на шеќерот во крвта од другите. Ова е многу важно бидејќи овие скокови на шеќерот во крвта после оброк се одлучувачки фактор за прогресија на дијабетес тип 2“, објаснува нутриционистот.



Покрај тоа што позитивно влијае на нивото на шеќер во крвта, киноата може да биде корисна и за контрола на високиот холестерол.

„Содржи високо ниво на незаситени масти, антиоксиданси и полифеноли со јасни придобивки за кардиоваскуларниот систем“, додава д-р Пономарева.

Важно: Написот е само за информативни цели и не ја заменува консултацијата со специјалист!