КОЛКУ ВИ Е ПОТРЕБЕН СЕКСОТ?

Мислењата и информациите за тоа колку е корисен сексот за нашето физичко и ментално здравје се бесконечни. Се поставува уште едно важно прашање: Колку секс е доволно за да бидете здрави и да се чувствувате добро?



Секс експертите и медицинските лица се трудат да одговорат на прашањето со години. Вистината е дека нема единствен одговор на ова прашање. Погледнете до какви заклучоци дошле специјалистите:

  1. Колку средно секс има еден човек?
    Една неодамнешна студија на Плејбој покажува дека лицата на возраст помеѓу 18 и 29 години имаат секс двапати неделно, додека оние помеѓу 40 и 49 години, бројот на интимни акти годишно изнесува околу 69.
  2. Зошто сексот е надвор од приоритетите после стапувањето во брак?
    Според експертите, причината не е намалената желба за партнерот, туку зголемените одговорности кои го намалуваат либидото.
  3. Дали е доволно еднаш неделно?
    Научниците велат дека сексот еднаш неделно е доволен за да се биде среќен, но за тоа колку и каква среќата се работи не е дефинирано.
  4. Престанете да се водите од некаков наметнат минимум или максимум
    Сексот е потреба и за секој човек е индивидуална. Вие не треба да следите одредена бројка, да ги задоволите вашите инстинкти и вашите потреби.
  5. Колку сексуални односи имаат луѓето кои се во брак?
    Истаржувањето од 2016 година покажува дека 15% од двојките немале секс шест месеци. Само 34% биле под покривките 2-3 пати неделно.