МАКЕДОНСКО ТАВЧЕ ГРАВЧЕ

Состојки:

  • 500 грама грав
  • 1 главица кромид
  • 2 суви црвени пиперки
  • ловоров лист
  • црвена пипер
  • масло
  • сол
  • црн бибер
  • буковска пипер
  • суво нане

    Подготовка:

Гравот се чисти, се мие и се потопува да стои во ладна вода најмалку три часа (по традиција
се остава преку ноќ) за да омекни. Потоа повторно се мие и се става во тенџере на оган на
средна температура со вода да се вари. По првото вриење водата се истура, па во тенџерето се
става нова вода.

Во тенџерето се става излупената главица кромид, сувите пиперки и ловоровиот лист.
Оставаме гравот да се вари додека да омекне. По потреба додаваме вода во тенџерето.

Кромидот го вадиме од тенџерето и го пасираме со лажица.

Во тава на оган ставаме 50 мл масло да се загрее. Во загреаното масло го додаваме пасираниот
кромид и го запржуваме. Маслото и кромидот ги додаваме во тенџерето и мешаме да се
соединат состојките. Потоа во тенџерето додаваме црвена пипер, сол, црн бибер, буковска
пипер, сувите пиперки и суво нане по вкус. Мешаме убаво за да се соединат состојките.

Рерната ја загреваме на 250 степени.

Гравот го ставаме во земјени тави и го ставаме во загреаната рерна да се пече кратко време,
додека на површината се формира танка кора. Готовото тавче гравче се служи додека е топло.

На здравје!