Има нешто чудно кај нас луѓето. Сакаме сè што е убаво без да ја знаеме цената за тоа.
Да е убаво, макар невредно.
Макар кршливо.
Макар со рок.
Макар празно.
Избираме некоја убава девојка, некое згодно момче без да ја видиме среќата наоколу.
Таа ќе ми парира на семејните средби, ќе биде згодна на патувачките слики, ќе имам убава декорација за сите веселби и прошетки.
Ќе викаат постојано, колку убав маж имам.
А, нема да знаат дали се љубиме.
Само да сме убави на фотографијата.
Без ниедна мана.
Чудни сме луѓето.
Ќе поминеме часови пред огледало.
И без минута време во дамарите на другиот.
Без да видиме таму колку сме убави.
Не сакам да бидеме вазна и цвеќе.
Ти да си празен, а јас убава која брзо ќе овене.
Автор: Марија Лозаноска