НОРВЕШКА РЕКЛАМА НИ ГО ПОКАЖУВА ЖИВОТОТ ЗА 60 СЕКУНДИ

Обично, рекламите за козметика не се искрени, но оваа норвешка реклама е сосема поинаква. Во неа моделите не се обработуваат со Photoshop и не се многу шминкани за да изгледаат совршено. Всушност оваа реклама е чисто објаснување за грижата кон нашата кожа и завршува со слоганот „кожата ќе биде со вас цел живот. Грижете се за неа.“

„Животот во 60 секунди“ ни покажува како нашата кожа старее со годините и колку е важно да се грижиме за неа. Во видеото се фотографирани дами на возраст од неколку месеци до 100 години за да ги илустрираат промените што се случуваат во секој од нас.

„Не сме користеле ретуширање, сакавме да им дозволиме на жените да бидат такви какви што се … идејата да го покажеш човечкото тело такво какво што е, е многу ослободувачка“, вели фотографот на проектот.