ОВИЕ ИГРИ ЌЕ ВЕ НАУЧАТ МНОГУ ЗА ВАШИОТ ОДНОС СО ВАШИОТ ПАРТНЕР

Ги гледавте сите серии и филмови што ги планиравте за време на карантин, а сега останавте без идеи за заедничко поминување време. Имаме решение за вас! Зачинете ја вашата врска со обиди на различни игри кои ќе го подобрат вашиот однос со вашиот партнер.

Контроли на игри

Целта на играта е едноставна: му ја предавате контролата на вашиот партнер, но не сосема. Изберете ја вашата омилена сексуална играчка или нарачајте нова што користи далечински управувач и оставете му на вашиот партнер да одлучи за поставките. Да му дозволите на некого да управува со вашето задоволство бара високо ниво на доверба и ако ја играте оваа игра за прв пат, договорете се кој ќе биде тој што ќе ја прекине играта. Откако ќе достигнете кулминација, сменете ги улогите.

Исполнување фантазии



Секој од вас нека запише на хартија што сака да проба, а досега никогаш немал можност. Потоа, ставете ги овие парчиња хартија во сад и имате два начина да играте:

  • секоја вечер, одберете фантазија од тој сад и доколку ви е пријатно, започнете со нејзино реализирање;
  • Отворете шише од вашиот омилен пијалок, запалете свеќи низ целиот стан и започнете да ги реализирате сите ваши фантазии цела ноќ.

Целта на оваа игра не е да треба да ја исполните секоја фантазија, туку подобро да се запознаете. Ако има фантазии кои сега се неизводливи поради самоизолација, може да составите нов список со желби, сè додека сè не се врати во нормала.