ПЕЧЕНИ ТИКВИЧКИ СО СВЕЖ КРОМИД И ДОМАТИ

Многу пролетно и вкусно јадење што е погодно за лесен ручек или вечера.

Потребни состојки за 5 порции:

1,5 кг тиквички

300 гр домати

200 гр свеж кромид

120 масло

50 гр путер

25 гр брашно



3 јајца

2-3 стебленца свеж лук

150 гр кашкавал

сол по вкус

Начин на подготовка:

Излупениот и измиен кромид се сецка ситно и се пржи на масло додека не омекне. Додадете ги доматите на коцки и ситно сецканиот лук. Продолжете да пржите уште 5-10 минути.

Истурете ја смесата во намастена тава и врз неа наредете ги исечените тиквички, посолени и валани во брашно. Истурете мешавина од изматените јајца и брашно измешани во топла вода. Намачкајте со стопен путер и посипете со ренданиот кашкавал. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути.

На здравје!