ШТО ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА ОСВОИТЕ МАЖ СО ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ДЕВИЦА?

Претставниците на хороскопскиот знак Девица се родени помеѓу 23 август и 23 септември. Денес, сепак, се фокусираме на машките и им помагаме на дамите да разберат малку повеќе за таинствените мажи од овој знак.

Доколку сакате врска со маж Девица, секако треба да бидете свесни за некои негови карактерни црти кои ни ги откриваат астролозите. Останете до крај и направете си белешки за да го добиете совршениот партнер.

Претставниците на овој знак се перфекционисти. Сакаат се да се одвива според планот и не преземаат ризични и импулсивни акции. Секогаш ги разгледуваат сите можни опции и чекори за да не им се наруши мирот во животот. Можеби ви изгледаат недостапни и ладни, но на овој начин го прикриваат својот страв од отфрлање. Ако сакате да го освоите, треба да му го покажете вашиот интерес и дека се грижите за него, но без да го гушите и да барате постојан контакт. Мажите Девици не сакаат да бидат поттикнати и да се чувствуваат под притисок. На овој начин само ќе ги избркате од себе.
Мажите Девици се принципиелни – ја ценат својата слобода и личен простор, па ако ја преминете таа граница, колку и да им се допаѓате, ќе ве напуштат. Не брзајте да зборувате за емоциите и чувствата на почетокот. Тие не сакаат особено да ја разголуваат душата и претпочитаат да ви ја покажуваат својата наклонетост со постапки. Знајте дека на почетокот, дури и ако е многу привлечен, мажот Девица ќе се однесува како да не му е грижа. Ќе ве слуша и внимателно ќе ве следи за да процени дали може да ви верува и да изгради сериозна врска со вас. Дозволете му прво да ве запознае и не го бомбардирајте со досадни прашања за неговиот живот. Обидете се брзо да го импресионирате и да му покажете дека може да ви верува за да ја стекнете неговата наклонетост. Кога ќе почне да ја покажува својата софистицирана смисла за хумор, можете да го сфатите тоа како знак дека тој веќе почнува да се релаксира околу вас и одлучил дека може да ве пушти до него. Мажите Девици сакаат чисти, организирани, уредни и урамнотежени жени. Не сакаат жени кои прават многу врева за ништо, нервозни и нетрпеливи и не сакаат премногу големи зборувачи. Во никој случај не користете груби зборови или пцовки пред нив.