Денес ќе ви претставиме вкусен и здрав рецепт со банана и спанаќ. Бананите содржат витамин Б6, кој го стимулира дејството на серотонин – т.н. „хормон на среќата“. Ова вкусно овошје е исто така добро за срцето и нѐ енергизира. Спанаќот содржи голема количина на железо, витамин Ц, Е, фолна киселина, цинк, магнезиум и калиум.
Семето на чиа е исклучително хранливо, со една од највисоките концентрации на антиоксиданти од сите познати намирници. Само една лажица од овие мали семиња содржи 5 грама влакна, 3 грама протеини, 2282 милиграми Омега 3 и 752 милиграми Омега 6 масни киселини.
Потребни состојки:
половина банана, добро созреана
1 чаша млеко со малку маснотии
2 раце бејби спанаќ, околу 150-200 грама
1 лажица семе од чиа
Измешајте сè во блендер додека не се изедначи.
Лесно и здраво!