СВЕТСКО А НАШЕ! -ГОРАН МИЦЕВСКИ  СО  НОВО ФАНТАСТИЧНО МУЗИЧКО ДЕЛО „STRENGTH OF THE STALLION”

Битолчанецот Горан Мицевски , деновиве објави уште една композиција од личниот опус на современа музика насловена „Strength of the Stallion“.

„Strength of the Stallion“ е дело вдахнато од симбиозата и силината на овие две навидум различни животински природи на коњот и орелот. Со својата енергичност претставува инспиративно музичко парче кое поттикнува на храброст, слобода и поместување на сопствените граници.



Во изминатата година Горан Мицевски Кус ја промовираше самостојната композицијата „Прошетка во вселената“ и композицијата „Немир“ која е дел од музичкиот проект „Гласот од невидливиот свет“.

И оваа композиција како и претходните, е од некомерцијален карактер, слободна за преземање и споделување, подарена на публиката со желба дека ќе побуди инспирација и зрак на надеж во овие предизвикувачки времиња.