Македонската јавност Лиде Лиде ја запозна по коментарите на речиси секоја објава на министерот за здравство Венко Филипче.
Лидија Гиновска е девојката која се прослави на социјалните мрежи со почетокот на пандемијата на коронавирусот во нашата земја, позната за јавноста како Лиде на Венко денес на својот ЈуТјуб – канал објави нова песна.
„Дедо Мраз без маска ирваси без рогови со тебе ќе ги поминам сите можни рокови. Сјајна си ѕвезда на малата елка мачката моја цело време ја мерка“, се дел од стиховите на новата празнична песна на Лиде.
Оваа „инстант“ празнична песна креирана од страна на Лидија е создадена со цел да не забавува и за момент да не оттргне од секојдневните проблеми.
Како автори на текстот се потпишуваат Лиде Лиде и Бате Тане, а Стевче Јаневски се потпишува како автор на музиката и аранжманот.
Лиде на Венко, Лиде Лиде, Ретро Лиде или едноставно Лидија Гиновска е една од ретките личности во нашата земја која успеа да нè насмее и кога не ни беше до смеење.