(ВИДЕО) МАЕСТРАЛНА КОМПОЗИЦИЈА „ПРОШЕТКА ПО ВСЕЛЕНАТА“ ОД ГОРАН МИЦЕВСКИ

Композиторот Горан Мицевски од Битола, познат во јавноста како фронтмен и тромбонист на бендот Brass Brothers, на публиката и подари уште едно дело од неговиот инструментален опус.

Инструменталната композиција „Прошетка во вселената“ претставува инспиративно четириминутно патување во популарниот електронски/ синеастичен стил, кое ја буди имагинацијата кај секој слушател и евоцира живописни слики. Иако различно од се она што до сега искомпонирал и ова дело ја носи препознатливата нишка на елегичност и мелодичност.

„Прошетка во вселената е инспиративна приказна за музиката која е дел од сите нас, од се она што не опкружува. И оваа композиција како и претходните е од некомерцијален карактер, слободна за преземање и споделување, подарена на публиката со желба дека ќе побуди инспирација и зрак на надеж во овие предизвикувачки времиња“, изјави за порталот Мисли композиторот Горан Мицевски.

Погледнете го видеото: