Мајка од Австралија открила едноставен трик со кој го прави својот дом да мириса на луксузна продавница. Шантела Мила објави видео на TikTok и објасни како направила освежувач кој се состои од парчиња лимон, рузмарин и есенција од ванила .
Освежителниот мирис е изненадувачки лесен за правење и вклучува две чаши вода во кои се додаваат три состојки.
Во водата ставете еден сечкан лимон , четири гранчиња рузмарин и една лажичка есенција од ванила .
@mama_mila_ The DIY signature scent that will become your favourite 🍂 #hometips #homefragrance ♬ You Stepped Out Of A Dream – Nat King Cole
Овој трик е алтернатива за купување скапи свеќи или миризливи стапчиња.
Другите корисници на TikTok беа воодушевени од трикот, а една жена праша како да ги искористи остатоците.
„ Дестилираната вода е одличен спреј, или со 50/50 бел оцет и вода можете да направите повеќенаменско средство за чистење “, рече Шантел.
Таа исто така рече дека мирисот трае до три дена , додека спрејот ќе трае неколку месеци.