(ВИДЕО) ДАНИЕЛ ТРЕНЧОВСКИ ГО ОСВОИ БАЛКАНОТ СО НЕГОВАТА НОВА ПЕСНА „НЕМА ТЕ“

Македонскиот пејач кој својата музичка кариера успешно ја гради во Франција, Даниел Тренчовски – Дани Лајв неодамна објави нова песна „Нема те“, која веќе достигна одлична гледаност на неговиот You Tube канал.

Музиката и текстот на песната „Нема те“ е на Михаило Јововиќ Баја а аранжманот е на Дејан Савиќ. Како пратечки вокали во песната се: Јована Ѓорѓевиќ, Ивана Савиќ, Дејан Савиќ Киде.

Македонецот Даниел Тренчовски е исклучителен музичар со прекрасен глас, кој на публиката и нуди богат репертоар на песни од традиционални до народни и забавни. Полека но сигурно, Даниел постанува еден од омилените млади музички таленти на Балканот и пошироко.



Погледнете го видеото: