Познатиот мистик, поет и писател Руми ни остави многу мудри пораки до кои сè уште можеме да се придржуваме и да ги користиме во секојдневниот живот . Кога учениците го прашале Руми што е отров, страв, омраза, гнев и завист, тој одговорил:
Што е отров?
– Отров е се што ги надминува вашите потреби. Отровот може да биде сила, богатство, его желби, алчност, мрзеливост, љубов, амбиција, омраза или било што друго.
Што е страв?
– Аверзија кон неизвесност. Ако ја прифатиме неизвесноста, таа станува авантура.
Што е завист?
– Отфрлање на добрината кај другите. Ако видиме туѓа добрина, тоа ќе стане инспирација.
Што е гнев?
– Не прифаќање работи кои се надвор од наша контрола. Ако ги прифатиме, станува кроткост.
Што е омраза?
– Отфрлање на личноста таква каква што е. Ако прифатиме личност без никакви услови, омразата ќе се претвори во Љубов.
Џалалудин Руми (1207 – 1273)


